Директорот на ТИРЗ: Оптимист сум дека ќе имаме рекордна година од аспект на извоз

од Берта Китинска
231 прегледи

Можам со задоволство да кажам дека дури повторно имавме ист случај со две компании како минатата година, што пред време ги исполнија предвидените обврски во однос на постигнување на број на вработени, да државата излезе во пресрет. Дополнително излеговме во пресрет на неколку компании што имаа тешкотии поради глобалната криза во делот на набавката на чипови и застој во делот на производство, информираше директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски на денешниот брифинг со новинарите.

Согласно направената анализа за изминатите десет години, Деспотовски додаде дека ТИРЗ бележи доста стабилен раст на приходи и на добивки во компаниите, значително е зголемен бројот на вработени, а зголемена е и просечната плата.

– Јас сум оптимист дека ќе имаме рекордна година од аспект на извоз, стабилно ниво на работни места и првпат ќе имаме ситуација во која просечната плата во компаниите во зоните ќе биде повисока од просечната плата на националната економија, изјави тој.

Директорот на ТИРЗ истакна дека внимателно се следат трендовите во глобални рамки, а во нивен интерес е компаниите не само да го одржат постојното ниво на раст, туку и дополнително да го интензивираат во наредниот период. Тој додаде дека компаниите што се соочиле со тешкотии поради глобалната криза, ја балансираат загубата со новите капацитети, што не само што го надоместуваат тој пад, туку и придонесуваат и за дополнителен интензитет на развојот.

Слични содржини