Подигнат споменик на Роналдо, мештаните протестираат (ФОТО)

од Nikola Popovski
175 прегледи

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо доби уште еден споменик во негова чест, овој пат во Индија.

Индискиот град Калангута во државата Гоа е местото каде што е поставена статуата на Роналдо вредна околу 15 илјади евра и тешка околу 420 килограми.

Гоа порано била португалска колонија, но веќе 60 години е независна, а статуата на Роналдо веќе предизвика контроверзии и поплаки од локалното население.

„Разочаран сум што беше поставена статуата на Роналдо, треба да ги цениме нашите фудбалски икони како Јоланда Д’Соуза и Бруно Кутињо“, изјави Премананд Дивкар, претседател на Конститутскиот форум во Калангута.

Други, пак, поставувањето на статуата на Роналдо го коментираа како „осквернавување“, додека оние кои се одлучија за ваков потег имале намера да ги мотивираат младите да играат фудбал.

Еден од нив е Мајк Лобо од владејачката партија Барати Јанат во Гоа.

-Статуата ја поставивме на барање на младите луѓе на кои им беше потребна дополнителна мотивација за да го подигнат фудбалот на поголеми височини, рече Лобо.

Инаку, оваа статуа на Роналдо не е единствената или најлошата што му ја посветиле. Пред четири години светлината на денот ја виде една биста во родното место на фудбалерот во Мадеира, која воопшто не личи на Роналдо.

Неодамна му беше посветен споменик на кој беше пренагласено меѓуножјето, па тој уметнички обид заврши со фијаско.