Омикрон: Колку ќе не „чини“ дочекот на Нова година?

од Nikola Popovski
312 прегледи

Ако веќе сме предупредени дека во јануари ќе има 5.000 пациенти, зошто да не се откажеме од организираниот дочек на Нова година? Властите ве повикуваат да дојдете и да го видите спектакуларниот огномет во Белград. Дали сме единствената земја што го чека омикрон со музика и песни, вели српскиот клинички фармаколог Радан Стојановиќ.

Сојот омикрон пристигна во Србија, Македонија и сите околни земји. На прашањето колку еден пациент може да зарази други, Стојановиќ вели:

„Омиркон се карактеризира со многу висок степен на распространетост меѓу луѓето. Ако едно лице може да зарази пет или шест лица доколку е заразено со сојот делта, со омикрон сигурно може да бидат 10. Тоа е неговата најголема опасност. Сè уште испитуваме колку е реална опасноста, освен тоа што брзо се шири“, вели Стојановиќ.

Медицинското лице додава дека некои податоци од други земји велат дека клиничките слики на заразените со омикрон се благи, но дека на треба да се гледа под услов.

Тој забележува дека прелиминарните податоци укажуваат дека бројот на хоспитализирани е помал и дека и тоа треба да се сфати под услов.

Слични содржини