Српски медиуми: Барањето на Ѓоковиќ за медицинско ослободување е одбиено

од Vladimir Zorba
285 прегледи

Новак Ѓоковиќ ја повлече апликацијата за АТП купот, но од српската централа се децидни дека тој е решен да учествува на Австралија опен. Сепак, навивачите на светскиот тенисер број 1 можат да очекуваат уште една лоша вест. Според српскиот весник „Информер“, Ѓоковиќ поднел барање до австралиската федерација да го искористи медицинскиот исклучок за турнирот во Мелбурн, но истиот бил одбиен.

Според медиумите, тие се повикуваат на сигурен извор од блиското опкружување на Новак, според кој тој продолжува да се противи на вакцинацијата против Ковид-19 и е подготвен да го пропушти Австралија Опен поради своите убедувања.

„Според тоа како стојат работите во моментов, Новак нема да патува во Австралија. Медицинскиот комитет на Австралија опен го одби неговото барање за медицинско ослободување и тој нема да може да игра доколку не биде вакциниран. Сепак, тоа не го менува ставот на Новак и тој продолжува да биде против вакцините“, изјавил неименуван извор за изданието.

Засега ваквата информација не е потврдена ниту од самиот Ѓоковиќ, ниту од организаторите на Австралија опен. Светскиот број 1 не се пријави за ниту еден од поединечните турнири за загревање пред „главната“ трка во Мелбурн, која стартува на 17 јануари.

Слични содржини