Челси стапил во контакт со Милан со барање за левиот бек Тео Ернандез. Сепак, италијанскиот гигант одреди цена од 50 милиони фунти за Французинот. Менаџерот на тимот од Лондон сака да ја засили оваа зона по повредата што го извади Бен Чилвел до крајот на сезоната, а Маркос Алонсо не е доволно убедлив.
Според „Тутоспорт“, Челси го прашал Милан за можноста да го привлече Тео Ернандез во јануари. „Росонерите“ немаат желба да се разделат со еден од нивните најредовни играчи. Дефанзивецот има договор до 2024 година, а моментално се преговара за негово продолжување до 2026 година.
„Сините“ имаат добри односи со Милан, бидејќи Италијанците неодамна ги привлекоа Оливие Жиру, Фикаио Томори и Тимуе Бакајоко.
„Росонерите“ бараат централен дефанзивец кој ќе го замени Симон Кјаер, кој е тешко повреден. Една од опциите е дефанзивецот на „сините“ Андреас Кристенсен, чиј договор истекува на крајот од сезоната.