Маск откри: Ник Сабо веројатно е експертот кој стои зад биткоинот

од Vladimir Zorba
453 прегледи

Извршниот директор на Tesla, Елон Маск, откри дека веќе некое време проучувал кој стои зад криптовалутата биткоин, а сега посочи конкретно име.

Тајниот експерт за криптовалути Сатоши Накамото е всушност Ник Сабо.

На прашањето што мисли за идентитетот на Накамото, Маск рече дека треба само да се погледне еволуцијата на идеите пред да се лансира биткоинот и да се види кој пишувал за тие идеи.

Маск истакна дека теориите на Сабо изгледаат фундаментални за создавање на водечката криптовалута.

„Се чини дека Ник Сабо, веројатно повеќе од кој било друг, е одговорен за еволуцијата на овие идеи. Тој тврди дека не е Накамото, но не сум сигурен што би можело да биде вистина. Сепак, тој изгледа поодговорен за идеите зад биткоинот од кој било друг“, рече тој.

Биткоинот првпат беше предложен во октомври 2008 година од Сатоши Накамото, псевдоним за кој луѓето веруваа дека може да биде едно лице или повеќе луѓе.

Извештајот на „Њујорк Тајмс“ од 2015 година го поврзува пронајдокот на биткоин со Сабо. Тој јавно зборуваше за историјата на криптовалутите и блокчејн технологијата, но постојано ги негираше тврдењата дека тој е анонимниот пронаоѓач кој стои зад дигиталното средство.