Челси објави загуби од близу 150 милиони фунти

од Vladimir Zorba
284 прегледи

Европскиот шампион Челси објави загуби од 145,6 милиони фунти за последната финансиска година до 30 јуни 2021 година.

Лондончани објаснија дека причината е недостатокот на публика на стадионите поради пандемијата и помалиот приход од продажбата на играчи.

Челси објави дека продолжува да се потпира на финансиската поддршка на „Fordstam Limited“, компанија во сопственост на Роман Абрамович.

Во сезоната 2020/21, периодот на финансискиот извештај, „сините“ ја освоија Лигата на шампионите, завршија на четвртото место во првенството и стигнаа до финалето на ФА Купот.

Лондончани го сменија и менаџерот во јануари, отпуштајќи го Френк Лампард и го ангажираа Томас Тухел.

Слични содржини