Тетовираните фудбалери повеќе не можат да играат во Кина

од Nikola Popovski
159 прегледи

Кинескиот фудбалски сојуз донесе една од најнеобичните одлуки во 2021 година.

Фудбалските челници на најнаселената земја во светот одлучија тетовираните фудбалери повеќе да не можат да играат за кинеските клубови и репрезентацијата.

„Нема договор, нема репрезентација, ако имаат тетоважи. Тие што ги имаат нека ги покријат како што знаат, бидејќи во спротивно нема да играат. Фудбалерите мора да бидат пример за општеството, но и за другите спортисти. Tие мора да бидат пример за здрав живот, однесување, но и изгледот мора да биде посебен и позитивен“, наведува Фудбалскиот сојуз на Кина.

Останува да видиме како ова ќе се одрази на кинеската репрезентација која во своите редови има многу фудбалери кои имаат тетоважи на телото.

Фото: CFP