Германија утре затвора три нуклеарни централи

од Nikola Popovski
272 прегледи

Германија утре ќе затвори три од шесте преостанати нуклеарни централи.

Владата во Берлин одлучи да го забрза откажувањето од нуклеарните централи по несреќата во јапонската нуклеарна централа Фукушима во 2011 година, предизвикана од земјотресот и цунамито.

По три и пол децении работа, утре ќе бидат затворени нуклеарните реактори Брокдорф, Гронде и Гундреминген Ц.

Последните три нуклеарни централи – Исар 2, Емсланд и Некарвестајм 2, ќе бидат затворени до крајот на следната година.

Шест нуклеарни централи придонесоа со околу 12 отсто од производството на електрична енергија во Германија оваа година. Во исто време, придонесот на обновливите извори на енергија бил поголем од 40 отсто, јагленот помал од 28 отсто, а гасот околу 15 отсто.

Германија има намера да произведува 80 отсто од енергијата до 2030 година.

Трошоците за затворање на секоја нуклеарна централа се проценуваат на 1,1 милијарда евра, наведува Ројтерс.

Фото: JamesQube

Слични содржини