Писмо на осуденик во „Монструм“: Има нови докази, сведок дал лажна изјава

од Nikola Popovski
311 прегледи

Бедри Ајдари, роднина на еден од осудените во случајот „Монструм„ заедно со Идриз Синани од Меѓународното здружение за човекови права денеска пред Основниот кривичен суд – Скопје, презентираше писмо на осудениот Фејзи Азири, во кое тој тврди дека има „нови докази“ и бара меѓународна истрага.

Ајдари, повикувајќи се на „доказите“ на својот роднина Азири, истакна дека еден сведок дал лажна изјава за фамозната „Опел Омега“, како и вештакот по микро-траги и земја.

– Бараме меѓународна истрага за новите докази со меѓународна експертиза. Упатувам порака до претседателот Стево Пендаровски и министерот за правда Бојан Маричиќ дека има нови докази за случајот „Монструм“. Вистината не е таква како што вели судот, туку како што велат доказите, рече Ајдари.

Осудениот Азири, во писмениот материјал лицата Никола Груевски, Сашо Мијалков, Трајко Велјановски, Гордана Јанкуловска, Синиша Алексовски, Горан Грујоски и Илија Смилевски ги наведува како „нарачатели на петкратното убиство кај Смилковското езеро во април 2012 година“.

– Груевски го нарачал петракното убиство на 12 април 2012 година во време на празникот Велигден со цел да испровоцира меѓуетнички конфликт во државата и да го привлече вниманието на меѓународната заедница за неуспехот за членство во НАТО и ЕУ. Исто така, и за да го привлече вниманието за финансиските скандали, вели Азири.

Според него, планот за петкраното убиство го реализирал Мијлаков за да му помогне на неговиот братучед Никола Груевски „да воспостави диктатура и да стане милјардер“, додека Јанкуловска учестувала во ова сценарио „за да остане министер за внатрешни работи и за нејзини финансиски придобивки“.

– Горан Грујовски како организатор на петракното убиство учестувал за да биде назначен на чело на Петта управа, за финансиски придобивки и привилеги, односно за да му служи на неговиот шеф. Илија Смилевски како поранешен директор на Петта управа, Сектор за тероризам, е убеден намерно да го води Сектор за тероризам се со цел придобивање на привилеги и да ги напаѓа луѓето и компаниите за финансиски придобивки, додава Азири во својата писмена изјава.

Слични содржини