Банка по грешка префрлила 155 милиони евра на 75.000 сметки

од Nikola Popovski
364 прегледи

Банката Сантандер од Бостон по грешка префрлила 155 милиони евра на 75.000 сметки, што ги изненадило сопствениците на сметките кои не го знаеле идентитетот на добротворот на божиќното утро.

Сега вработените во банката се обидуваат да ги вратат парите, што го отежнува фактот што голем дел од трансакциите се направени на сметки на други банки, јави денеска Хина.

Грешка се случила кога двапати биле извршени плаќања кон 2000 деловни сметки.

Во соопштението на банката се наведува дека во тек се разговори со банките кои ги примаат овие плаќања – Беркли банка, ХСБЦ, Нетвест, Кооперативна банка и Вирџин Мани банка.

Тие банки навеле, се додава во соопштението, дека „ќе се обидат да вратат пари од сметките на своите клиенти“.

Не се знае, меѓутоа, како ќе постапат банките во случај нивните корисници веќе да ги потрошат парите, бидејќи враќањето може да доведе до незаконски дефицит на сметките.

Сантандер банка навести дека може да го надмине проблемот со тоа што нејзините вработени директно контактираат со луѓето за да им ги вратат парите што им биле уплатени по грешка.

Слични содржини