300
Во Серија „А“ наскоро можевме да слушнеме јавно коментирање на судиските одлуки донесени за време на натпреварот
Италијанските медиуми јавуваат дека раководството на италијанската асоцијација на судии (АИА) сериозно ја разгледува оваа опција.
Идејата е АИА да создаде посебен „онлајн“ канал на кој ќе споделуваат видеа кои се контроверзни, а Џанлука Роки ќе биде тој што ќе ги објаснува ситуациите во име на своите судии, пред камера.
Причината поради која ова повторно е во преден план е се поголемиот број на грешки, без разлика на ВАР.