Рецепт: Салата со тестенини и туна

од Vladimir Zorba
397 прегледи

Салата со тестенини и туна во која ќе уживате.

Состојки:

– 1/2 кг тестенини по избор

– 2 конзерви туна (парчиња)

– 6 кисели краставички

– 150 гр слатка пченка или грашок по желба

– 3 дл павлака

– 150 гр мајонез

– Малку бибер

– Малку оригано

– Малку оригано

Подготовка:

Сварете ги тестенините, исцедете ги и оставете ги добро да се изладат.

Додека се варат тестенините, направете го преливот.

Краставиците се сецкаат ситно, се додава варена и исцедена пченка, сечканиот лист магдонос, малку оригано, туната (исцедена од масло и малку сечкана), сол и бибер.

Додадете мајонез и павлака, добро измешајте и прелијте ги со тестенините.

Измешајте и истурете во сад за сервирање.

Декорирајте по желба.

Пријатно!

Слични содржини