Кевин Спејси како Фрањо Туѓман? Преговорите се во тек

од Vladimir Zorba
378 прегледи

Познатиот холивудски актер Кевин Спејси вчера слета во Загреб, каде дојде да го посети познатиот режисер Јаков Седлар.

Хрватската јавност со денови зборува за тоа дека Спејси ќе дојде во Загреб, а оваа информација претходно ја потврди и самиот Седлар. Според хрватските медиуми, режисерот се подготвува да сними филм за првиот хрватски претседател Др. Фрањо Туѓман и Спејси треба да глуми во него.

Наводно, Спејси треба да го толкува ликот на претседателот Туѓман.

Пред неколку дена Седлар потврди дека преговорите со познатиот актер се во тек. Така, на 29 декември тој замина во Париз каде почнаа преговорите, а вчера Спејси пристигна во Загреб каде треба да остане извесно време. Сепак, се уште не е официјално потврдено дека Седлар и Спејси постигнале договор за снимањето на филмот.

Сите детали се уште се држат во тајност, а самиот режисер Седлар не сака премногу да зборува за проектот.

„Одиме полека, преговараме и тоа е се“, изјави Седлар за „Јутарњи лист“.

Познато е дека тој со години кажува дека сака да сними филм за ликот и делото на Фрањо Туѓман, со оглед на тоа што во Хрватска не е снимен игран филм кој на тој начин би го опишал првиот хрватски претседател.

Претходните години Спејси го гледавме во улогата на Френк Андервуд, во серијата „House of Cards“, политичар кој не се плаши од ништо за да напредува во американската политика.

Сепак, неговото присуство во серијата беше нагло прекинато поради скандали поврзани со сексуална злоупотреба на помлади мажи.

Слични содржини