Одземени куршуми за автоматска пушка и пиштол од дом на охриѓанец

од Nikola Popovski
359 прегледи

По претходнo добиена судска наредба, вчера бил извршен претрес во домот на К.Н.(30) од охридското село Горно Лакочереј.

Притоа, полициските службеници од СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа триесет и три куршуми за автоматска пушка и три куршуми за пиштол калибар 9 милиметри, што неовластено ги поседувал.

Тој е лишен од слобода и приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини