Папата Франциск ја пофали способноста на жените да промовираат мир во светот и насилството врз нив го нарече навреда за Бога.
Папата служеше миса во базиликата Свети Петар во Ватикан на денот кога Римокатоличката црква го слави празникот Света Богородица и Светскиот ден на мирот.
-Мајките знаат да ги надминат пречките и несогласувањата и да донесат мир, вели Франциск.
-Тие ги претвораат проблемите во можности за повторно раѓање и раст. Тие можат да го направат тоа затоа што знаат како да ги држат различните нишки од животот заедно. Ни требаат такви луѓе, способни да плетат конци на единство наместо бодликава жица на конфликти и поделби, рече папата.
Тој ги повика сите да ги засилат напорите за промовирање на мајчинството и заштита на жените.
-Да се повреди жена значи да се навредува Бог, кој ја одзел човештвото од жената, рече шапата, мислејќи на христијанското верување дека Исус е син Божји.
На Твитер, пред новогодишната миса, папата изјави дека сите треба да работат заедно за изградба на помирен свет, почнувајќи „од мирот во срцата на поединците и односите во семејството, потоа во општеството и околината, до односите меѓу луѓето и нациите“.