248
Првата ѕвезда на ПСЖ, Лео Меси е позитивен на коронавирус, објави францускиот клуб.
Така, Аргентинецот се најде на списокот на играчи заразени со коронавирус, кој во неделата го објави ПСЖ.
Покрај Меси и Хуан Бернат, Серхио Рико и Нејтан Битумазала нема да патуваат на натпреварот од Купот на Франција што ПСЖ ќе го одигра против Ван во понеделник.
„Фудбалерите кои се позитивни на коронавирус веднаш отидоа во изолација и започнаа со лекување според здравствениот протокол“, соопштија од клубот.
Клубот објави информации и за Нејмар кој се опоравува од повредата. Бразилецот би требало повторно да почне да тренира за три недели.
ПСЖ, кој е лидер во францускиот шампионат, следниот натпревар во Лига 1 го игра на 9 јануари кога ќе гостува кај Лион.