Бразилскиот второлигаш Крузеиро официјално објави дека легендарниот бразилски фудбалер Роналдо е позитивен на тестот за Ковид-19.
Исто така, беше наведено дека Роналдо „има благи симптоми, е во домашна изолација и се чувствува добро“.
Неодамна легендарниот 45-годишен Роналдо Луис Назарио де Лима стана сопственик на Крузеиро, клубот во кој ја започна својата професионална кариера. Покрај тоа, тој е и претседател на клубот.
Да потсетиме, Роналдо по играњето во Крузеиро замина во Европа каде најпрвин го облече дресот на ПСВ Ајндховен, а потоа играше за Барселона, Интер, Реал Мадрид и Милан. На крајот на кариерата, од 2009 до 2011 година, настапуваше за бразилски Коринтијанс.
Во својата кариера одигра 98 натпревари за бразилската репрезентација. Тој постигна 62 гола и ја доведе до светската титула во 2002 година.
Покрај Роналдо, денеска беше објавено дека и еден од најдобриот светски фудбалер, Лајонел Меси е позитивен на Ковид-19.