Сојузот на синдикатите на Македонија информираа дека обезбедиле ден на неделен одмор за 92 % од работниците во Државата кои ќе посветат време на своите семејства, на обнова на својата работна сила и ќе го искористат ова време за социјални културни и образовни протреби.
-8 % од работниците кои работат во дејностите во кои не може да се прекине работниот процес и ќе работат, а додатокот на плата за работа во недела изнесува најмалку 50% за секој час поминат на работа, доколку со закон и колективен договор не е утврден повисок износ на додатокот и слободен ден ќе користат во наредните 7 денови, објавија од ССМ.
Според нив, законските измени значат и подобра контрола на работното време и прекувремената работа, односно работникот кој нема да работи во недела ќе знае дека може да работи околу 4,5 месеци прекувремена работа неделно по 8 часа, останатите 7,5 месеци мора да работи 40 часа неделно 5 дневна работна недела па така и сабота е неработен ден, а покрај додатокот на плата за прекувемени часови +35 %, ќе добие и бонус плата за прекувремена работа над 150 часа.
-Работниците на кои ќе им биде прекршено ова ново право обезбедено од страна на ССМ, можат да пријават прекршување преку новата мобилна бесплатна апликација ССМ – мои работнички права до ССМ и Државниот инспекторат за труд.
Со законските измени Државниот инспекторат за труд многу по ефикасно ќе спроведува контрола во дејностите кои се во исклучоците, поради малиот број на дејности кои ќе работат во недела, а контрола може да врши секој граѓанин и работник, а потоа да пријави неправилности до ССМ и ДИТ.
Напоменуваме дека работодавачот е должен пред започнувањето на работата, да го извести Државниот инспекторат за труд, а му укажуваме на работодавачот кој ќе работи, а не е во исклучоците дека ќе му се забрани вршење на работа во работната просторија или работниот простор каде е утврдена неправилноста, во траење од 15 дена, а ако го повтори пркршокот во траење од 30 дена, а ќе му се издаде и прекршочен платен налог (парична казна, стои во соопштението од ССМ.
Работодавачот е должен пред започнувањето на работата да го извести Државниот инспекторат за труд преку посебен образец за вршење работа во недела.
Собранието на 20 декември го усвои Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, со што недела беше прогласена за неработен ден, што беше едно од главните барања на Сојузот на синдикати на Македонија. Со новото законско решение, недела ќе биде неработен ден за 92% од работниците.