Неверојатни 40.000 километри: Кинеската брза железница ја достигна должината на екваторот

од Vladimir Zorba
318 прегледи

Во Кина е отворен нов дел од брзата железница што ги поврзува Пекинг и Хонг Конг. Со ова кинеската железничка мрежа за брзи возови ја достигна должината на екваторот, односно околу 40.000 километри.

Новата железница, која ги поврзува градот Анкинг во источната провинција Анхуи и Жуџијанг во провинцијата Џангкси, е дизајнирана за брзина од 350 километри на час. Минува низ реки, езера, главни градски и други железнички траси.

Според компанијата за изградба на кинеската железница, пругата долга 176 километри ќе го намали патувањето од Нанчанг во Џангкси до градот Хефеи во Анхуи од сегашните четири на два часа.

„Кинеската брза железница поврзува неколку меѓународни пристаништа со внатрешните провинции и може дополнително да ја зајакне меѓународната соработка на Кина со членките на Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН)“, изјави за „Глобал Тајмс“ професор на Универзитетот Сун Џанг во Шангај.

Експертите истакнуваат дека ефикасен кинески брз железнички систем ќе игра значајна улога во спроведувањето на иницијативата „Појас и пат“ и Регионалното сеопфатно економско партнерство во иднина.