Лорер: Бугарски национален интерес е С.Македонија да влезе во ЕУ

од Берта Китинска
294 прегледи

Бугарскиот министер за иновации Даниел Лорер за БНР вели дека национален интерес на неговата земја е Северна Македонија да се приклучи кон Европската Унија.

Според него отворањето на преговорите со Република Македонија треба да биде важна цел за бугарската дипломатија.

– Со еден продолжен и позитивен дијалог со македонската страна ќе бидат постигнати условите, не само историски, туку и економски, академски, како и културни за врските меѓу двете држави. Тоа треба да се случи за да се почуствува секоја од двете страни далеку посигурна во тој дијалог, нагласи Лорер.

Слични содржини