Со искрено жалење ја примив тажната вест за смртта на Марјан Додовски кој беше член на ВМРО-ДПМНЕ, поранешен министер, пратеник и општествен чинител во Република Македонија, напиша лидерот на партијата, Христијан Мицкоски на Фејсбук.
-Во македонската политичка и општествена меморија ќе остане запаметена неговата посветена работа. Јавноста ќе го запамети како човекот кој го спаси Дојранското Езеро од еколошката катастрофа, но и по низа на други проекти кои ги остави зад себе. Македонија изгуби човек познат по посветената работа, ентузијазмот, искрена љубовта кон Македонија и активен чинител во политичкиот живот во нашата земја во поновата историја. Нека почива во мир. Вечна му слава, се стои во објавата.