До четврток претежно сончево време, потоа следи заладување

од Берта Китинска
180 прегледи

Денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Во следните два дена ќе се задржи стабилно и релативно топло време, претпладне со значителна облачност и магла по одделни котлини и речни долини. Од четврток попладне следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места со снег. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.