Народот го боли глава од Ковачевски, пиунот на Заев и продолжувачот на заевизмот. Стандардот на граѓаните е на удар поради поскапувањето на електричната енергија за над 15%, ако се земе предвид дека покрај основното поскапување од 9,5% укината е и евтината дневна тарифа. Ова значи дека секое семејство ќе плати поскапа струја на крајот на годината исто како да плаќа две дополнителни сметки, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму додаваат дека само во рок од една и пол година поради неспособноста, криминалот и неодговорноста во енергетскиот сектор ја покачи струјата за 40%.
-Дополнително за граѓаните на Скопје поскапи парното греење за 14,05%. Ова значи дека близу 60 илјади домаќинства ќе бидат на удар и дополнително осиромашени.Капак на се е поскапувањето на ЦНГ метанот за неверојатни 120%, гориво кое патем се користи и од страна на ЈСП при што, директно ќе биде погоден буџетот на град Скопје.Ваквите поскапувања дополнително ќе ја разгорат инфлацијата, која и така веќе го разјадува семејниот буџет на секој човек. Цените на производите и услугите и без овие нови покачувања се качија до плафон, а сега дополнително ќе растат. Но тоа не ги интересира милионерите од власта на заевизмот, кои јадат со златни лажици и уште без срам го уверуваат народот дека поскапувањата не се големи, посочуваат од партијата.