Шест градоначалници и четворица пратеници да има измени во Законот за тутун, а иницијативата до Собранието ќе се поднесе идната недела.
На денешната средба со тутунопроизводителите биле градоначалниците на Прилеп, Битола, на Могила, Новаци, Демир Хисар и од Долнени како и по двајца пратеници од ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп и од Битола.
Според иницијаторот на средбата, прилепскиот градоначалник Борче Јовчески барањето за измените во Законот за тутун и подобрувањето на положбата на тутунарите е на барањето и на тутунските здруженија и на производителите од Регионот кои сметаат дека тутунот реално не се цени, а е со добар квалитет.
Јовчески минатата недела одржа средба со дел тутунски здурженија, но не и со Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија.
– Се обративме и до земјоделскиот инспекторат да ги зајакне контролите на откупните пунктови. Тутунот е стратегијска култура, од него зависат локалните економии во Пелагонискиот регион, истакнал Јовчески.