Николоски бара МНР да реагира на изјавите на Трифонов

од Nikola Popovski

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски бара МНР да реагира на вчерашните коментари на бугарскиот политичар, Слави Трифонов.

-Недозволиво е што МНР не реагира за ставовите на претседателот на бугарската партија „Има таков народ“ и коалициски партнер во новата бугарска влада Слави Трифонов. Да имаше изјава обратно од оваа страна, да речеме од претседателот на СДСМ или ДУИ да имаа ваква навредлива изјава кон Бугарија или бугарскиот народ, да бидат убедени дека нашиот амбасадор ќе беше повика и ќе му беше испратена протестна нота од тамошното МНР. Се работи за срамен предлог кој ги навредува не само македонските граѓани туку и стратешките партнери, изјави Николоски од Собранието.

Лидерот на „Има таков народ“, Слави Трифонов на својот Фејсбук профил сподели дека темата Северна Македонија е важна за сите Бугари, затоа што тоа е дел од нивната национална историја и „затоа што над 200 илјади бугарски војници загинаа за слободата и обединувањето на оваа земја“.

-Под овие услови, и доколку Македонците, извинете – северномакедонците, ги исполнат нашите услови потпишани во Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Бугарија и Северна Македонија, можеме да го започнеме преговарачкиот процес за прием на Северна Македонија во Европската унија, објави Трифонов.

Слични содржини