Деруло се степал со двајца мажи во Лас Вегас – едниот го нарекол „Ашер“ (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
299 прегледи

ЏЕЈСОН ДЕРУЛО се степал синоќа во хотел во Лас Вегас, пишува TMZ кој објави и снимка од инцидентот.

Случаен минувач го снимил Џејсон како се спушта по ескалаторот во лобито на хотелот, а потоа двајца мажи го испровоцирале Деруло и го викале „Ашер“.

“Еј, Ашер! Е*и се!“, извикал еден од мажите. Не е познато дали мажот знаел дека го препознал Џејсон Деруло и намерно го нарекол со друго име или навистина мислел дека Ашер е во хотелот.

Деруло потоа го прескокнал безбедносното јаже и го удрил човекот во лицето и го соборил на подот. Џејсон наводно удрил друг маж неколку моменти подоцна, а обезбедувањето морало да скокне за да ја прекине тепачката.

Деруло на крајот беше отстранет од хотелот. Странските медиуми пишуваат дека на мажите по тепачката не им била потребна лекарска помош и дека нема да поднесат тужба против пејачот.