Ема Вотсон обвинета за антисемитизам поради поддршка за Палестинците

од Vladimir Zorba
273 прегледи

Поранешни и сегашни израелски функционери ја обвинија британската актерка Ема Вотсон за антисемитизам, откако актерката објави фотографија од пропалестински протест со транспарент „Солидарноста е само глагол“.

Објавата на актерката, која е најпозната по улогата на Хермиона во филмовите за „Хари Потер“, предизвика голема поддршка од палестинските активисти, но и силна критика од израелските власти.

Поранешниот премиер Бенјамин Нетанјаху и израелскиот амбасадор во ОН Дени Данон напишаа: „Десет поени за Грифиндор за антисемитизам“.

Актуелниот амбасадор на Израел во ОН, Гилад Ердан, исто така ја критикуваше Вотсон.

„Фикцијата е можна во „Хари Потер“, но не и во реалниот живот. Во спротивно, со моќта на магичниот свет, би можеле да го елиминираме злото на Хамас, кој има за цел да го уништи Израел и палестинските власти кои го поддржуваат теророт. Би го сакал тоа“, напиша Ердан.

Нивните напади беа осудени, не само од Палестинците. Леа Гринберг, една од извршните директори на непрофитната организација „Indivisible Project“, истакна дека нападите врз британската актерка совршено ја покажуваат целосно циничната и искривена употреба на терминот „антисемитизам“.

Израелскиот писател Абрахам Гутман ги опиша нападите како „исмејување на вистинскиот антисемитизам“.

„Ако едноставно признавањето на постоењето на Палестинците и изразувањето солидарност со нив е антисемитизам – тогаш што не е“, праша Гутман.

Многу луѓе на социјалните мрежи укажаа и на злоупотребата на терминот „антисемитизам“, бидејќи меѓу семитските народи спаѓаат и Палестинците, така што критиката дека Вотсон е антисемитист затоа што ги поддржува Палестинците е апсурдна.

Слични содржини