268
Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши и потпретседателката на партија Сафије Садики-Шаини денеска имаа средба со претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.
– Честитајќи му за новата задача на новоизбраниот претседател на Социјалдемократите, Ковачевски, меѓу другото, разговаравме и за иднината на државата и владиниот план за држава со европска и прогресивна ориентација.Алтернатива како дел од новата влада, ќе се заложи за унапредување на државата кон европското семејство и градење на прогресивна држава, напиша Гаши на Фејсбук.