Шекеринска нема амбиции да биде идниот НАТО амбасадор

од Берта Китинска
177 прегледи

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска изјави дека нема амбиции да биде идниот амбасадор на НАТО.

-С.Македонија има одличен амбасадор во НАТО, кој е таму повеќе од една година и сметам дека тоа е една од позициите каде гладаме колку е важно добри луѓе да бидат на вистински места, особено заради тоа што допрва го создаваме впечатокот за нова членка. Важно е, да имаме многу посилен тим во НАТО, што секој ден, го засилуваме.Немам ткави амбиции.Не верувам дека човек треба да си прави планови пред да си ја заврши работата, изјави Шекеринска.