Toyota прекина 90-годишно владеење на GM во САД

од Vladimir Zorba
322 прегледи

Јапонскиот производител на автомобили Toyota Motor го надмина General Motors по бројот на автомобили продадени во САД во 2021 година, прекинувајќи ја неговата 90-годишна доминација.

Toyota продаде 2,332 милиони возила во САД во 2021 година, наспроти 2,218 милиони на GM, објавија двете компании во вторникот.

Продажбата на GM во САД падна за 13 отсто во 2021 година, вклучително и пад од 43 отсто во последните три месеци минатата година, додека на Toyota се зголеми за 10 отсто. Американскиот гигант забележа послаб годишен резултат во 2010 година кога продаде 2,202 милиони автомобили.

Во 2020 година, GM продаде 2,55 милиони возила на домашниот пазар, во споредба со Toyota – 2,11 милиони и Ford Motors – 2,04 милиони.

Минатата година беше одбележана со недостиг на полупроводници кои се широко користени во возилата, па компаниите беа принудени да се фокусираат на најпрофитабилните модели.

GM во вторникот соопшти дека очекува економскиот раст на САД да ја зголеми вкупната продажба во американската индустрија за лесни камиони од околу 15 милиони долари во 2021 година на околу 16 милиони долари во 2022 година.

GM е на првото место во САД во однос на продажбата од 1931 година, кога го престигна Форд, според Automotive News.

Toyota не обрна големо внимание и не го разгласи резултатот, постигнат на американскиот пазар.

„Првото место не е наш фокус или приоритет“, рече заменик-извршниот директор Џек Холис, додавајќи дека веројатно нема да остане на првото место долго.

Портпаролот на GM, Џим Кејн, пак, ја истакна силната продажба на теренски возила и пикапи, додавајќи дека тие се фокусирани на профитабилноста. „Продажбата ќе се подобри кога ќе се подобри снабдувањето со полупроводници“, додаде Кејн.

Специјализираното издание Cox Automotive проценува дека продажбата на нови возила во САД паднала за 32 отсто на годишно ниво во декември, што е најлош резултат од мај 2020 година, обележан со строгите мерки за затворање во првиот бран на пандемијата на коронавирус.

Аналитичарите во секторот проценуваат дека минатата година во САД биле продадени околу 15 милиони возила, што е значително под петгодишниот просек помеѓу 2015 и 2019 година.

Продажбата во САД се очекува да порасне за 2,6 отсто оваа година, на речиси 15,5 милиони долари, според компанијата со седиште во Лондон за собирање и обработка на економски податоци Markit.

Toyotа очекува да се искачи на 16,5 милиони.

„Да ме прашавте на почетокот (минатиот јануари) како ќе изгледа годината, моето предвидување ќе беше погрешно бидејќи недостигот на микрочипови дојде како гром од ведро небо и предизвика хаос“, рече Ренди Паркер, шеф на јужнокорејскиот производител на автомобили Hyundai.

„Но, секое зло за некое добро – недостатокот не принуди да се приспособиме“, додаде Паркер, истакнувајќи дека неговата прогноза за оваа година е оптимистичка.

Hyundai продаде 19 отсто повеќе автомобили во САД минатата година отколку во 2020 година, покажуваат податоците.

Слични содржини