Ѕвездата на Манчестер Сити префрлена во озлогласен затвор полн со навивачи на Јунајтед

од Nikola Popovski
347 прегледи

Дефанзивецот на Манчестер Сити, Бенџамин Менди е обвинет за дури седум силувања во изминатата година.

27-годишниот Менди е обвинет за седум силувања на четири жени и сексуален напад врз петта жена.

Последното обвинение пристигна во јули минатата година, а претходните обвинувања пристигнаа во периодот од октомври 2020 до јули 2021 година.

Тој е во затвор од јули минатата година, додека судењето ќе започне на 24 јануари.

Она што е дополнителна грижа за францускиот фудбалер е префрлувањето од затворот во Ливерпул во затворот во Манчестер, а самиот фудбалер стравува дека ќе биде на мета на навивачите на Манчестер Јунајтед.

Менди ќе престојува во затворот Странфвејс, кој е познат како еден од најбруталните и најнасилните во Англија.

Французинот стана најскапиот дефанзивец досега во 2017 година кога Манчестер Сити му плати на Монако над 52 милиони фунти. Сега истиот Манчестер Сити го суспендираше фудбалерот, а не е исклучено клубот да го раскине договорот.

 

Слични содржини