Маките на Новак Ѓоковиќ прераснуваат во вистинска агонија, а најновите информации сведочат дека се може да заврши на негова штета.
Според Пол Сакал, новинар на австралискиот весник „The Age“, драмата не е завршена, при што тој предвидува дека сме се поблиску до сценариото според кое Новак нема да настапи на Австралија Опен.
„Во 05.30 часот, шест часа откако Новак слета во Мелбурн, граничните полицајци продолжуваат да го испрашуваат на аеродромот, при што се проценуваат документите кои го поддржуваат неговото ослободување од вакцинација. Изворот вели дека колку подолго трае, толку се помали шансите да му биде дозволен влез“, напишал Сакал.
Тренерот на најдобриот играч на светот дефинитивно не очекуваше вакво патување во Мелбурн, каде чекањето на аеродромот трае со часови.
„Таму долу не е баш вообичаен начин за патување“, напиша Иванишевиќ, добивајќи пораки со поддршка во коментарите.
Агонијата трае со часови, а српскиот тенисер не може да го користи телефонот, пристигнуваат информации од Австралија. Еден од најчестите коментари е дека Австралијците го третираат како илегален имигрант.