Петков доаѓа во Скопје најверојатно на 18-ти јануари

од Nikola Popovski
156 прегледи

Бугарскиот премиер Кирил Петков најавува дека датумот на неговата прва посета на Северна Македонија најверојатно ќе биде 18-ти јануари.

Во интервју за ТВ Блумберг, Петков вели дека со Ковачевски сакаат да создадат сосема поинаква рамка за разговорите.

Тој очекува работните групи и владините состаноци да постигнат реални резултати во следните шест месеци.

„Не разбирам зошто треба да летам низ Виена за да одам во Скопје. Треба да имаме авио-летови Софија-Скопје. Исто така не разбирам зошто немаме железничка пруга Софија-Скопје“, нагласил уште еднаш премиерот.

Петков се надева дека луѓето би биле многу понаклонети кон отворено пристапување кога ќе се запознаат со сите позитиви на добрососедството.

„Сите директори на компании, на пример, кои би можеле да тргуваат со Бугарија веднаш штом ќе ги откријат придобивките, исто така ќе помогнат во дијалогот меѓу двете земји. Политичарите се обидуваат да балансираат меѓу заедниците кои имаат корист од овој однос. Значи, ако двете земји почнат да работат на позитивните страни, полесно ќе имаме договор за важни прашања“, нагласи Петков.

Слични содржини