Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на светот, излезе пред прозорецот на хотелот „Парк“ за да се поздрави со навивачите кои се собраа пред него да му дадат поддршка.
Најдобриот светски тенисер е во „заробеништво“ во Мелбурн до понеделник, кога треба да дознае дали ќе му биде одбиено учеството на Австралија Опен или ќе биде депортиран во Србија.
Ѓоковиќ е во озлогласениот хотел, каде што се сместени само бегалци и таму треба да биде до понеделник.
Србите веќе се собрале хотелот, а Новак ги поздравил со бакнежи.
يا عمري يوزع بوسات 😞❤️ pic.twitter.com/ubEREAafIX
— w’nole 20GS (@__wa8) January 6, 2022
Најдобриот тенисер на светот во средата во вечерните часови според локално време беше спречен да го напушти аеродромот, бидејќи граничната полиција процени дека нема доволно добра документација за да му издаде виза.
Ѓоковиќ доби здравствено ослободување од државата Викторија, но кога требаше да се потврди, имаше административни проблеми.
Наводно, Ѓоковиќ добил здравствено ослободување затоа што во последните шест месеци го прележал коронавирусот, а бидејќи таа ставка е во потребните документи за добивање изземање, комисијата му одобрила да игра на Австралија Опен.