Претседателот на Филипини најави апсење на невакцинираните

од Vladimir Zorba
252 прегледи

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте денеска изјави дека невакцинираните граѓани ќе бидат уапсени доколку не ги почитуваат мерките за задолжителна изолација.

„Доколку некое лице не ја почитува мерката за задолжителна изолација, ако ја напушти својата куќа и ја посети заедницата, ќе биде задржано. Полицијата има овластување да апси непослушни лица“, рече Дутерте во телевизиско обраќање, цитирано од Ројтерс.

Министерството за здравство на Филипините соопшти дека дневните инфекции со коронавирусот на Филипините денеска достигнаа највисоко ниво со 17.220 случаи.

Слични содржини