375
Премиерот Кирил Петков побара да се види какви се можностите да се пушти во употреба авионска врска Софија-Скопје, што ќе биде манифестација на добра волја. Поканет сум и ќе бидам присутен со него во Северна Македонија, најави министерот за транспорт на Бугарија, Николај Сабев на сослушувањето на првата седница на Комисијата за транспорт во Собранието.
„Ќе преговараме со нашите колеги од Северна Македонија за да имаме лесна, брза транзиција. Преговараме со конкретни авиокомпании“, додаде тој.