Русија, Германија и Франција разговараа за решавање на конфликтот во Украина

од Vladimir Zorba
174 прегледи

Претставниците на Русија, Германија и Франција се договорија за понатамошни контакти со цел да се стави крај на конфликтот во источна Украина, изјави денеска претставникот на руската претседателска администрација Дмитриј Козак.

„Се договоривме за понатамошни контакти, вклучително и учество на украинските лидери, со цел што поскоро да се стави крај на конфликтот во источна Украина“, рече Козак, пренесе ТАСС.

Претставникот на руската претседателска администрација додаде дека германскиот и францускиот претставник ја потврдиле посветеноста на Договорот од Минск како единствена основа за решавање на конфликтот во југоисточна Украина.