286
Казахстан не смее да им се предаде на надворешните сили по украинско сценарио, изјави претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко.
„Јасно е дека не смееме да го дадеме Казахстан, бидејќи тоа ќе биде подарок, како Украина за Америка, НАТО. Затоа сакам да разберете зошто е донесена одлуката за испраќање мировници“, рече Лукашенко, пренесе „Спутник“.
Како што наведе тој, ефект имаше информацијата дека Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) ќе му даде поддршка на Казахстан.
Според него, без разлика што територијата на Казахстан е голема, „се било синхронизирано, планирано, се разбира со надворешно влијание, преку координација“.