Првиот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се наоѓа во мигрантски хотел во Мелбурн каде го чека судскиот исход во врска со жалбата по одбивањето на визата од страна на австралиските власти.
Џастин Квил, угледен правен експерт во Австралија, проговори за се што минува првиот светски рекет.
Тој истакна дека Новак и неговиот тим ќе треба да докажат дека укинувањето на визата било нелегитимно, што може да го „развлече“ целиот процес и да му овозможи настап на првиот Гренд слем во новата сезона.
– Не очекувам ништо друго освен да го добие овој случај, но ќе треба повеќе време и ќе му биде дозволено да остане во земјата и да настапи на Австралија опен. После тоа, адвокатите ќе се занимаваат со целата приказна во неделите и месеците што следат – изјави Квил за „Хералд Сан“.
Австралискиот премиер Скот Морисон во четвртокот на прес-конференција потврди дека на Ѓоковиќ му била откажана визата бидејќи не ги исполнувал условите за влез во земјата.
– Товарот што Новак не смее да игра е поголем од тој на МВР. Така, мислам дека судот ќе му дозволи да остане во земјата додека не се реши ситуацијата во наредните недели и месеци“, додаде Квил.
Посочи и дека во овој момент не е јасно што ќе се разговара во судот.
– Се уште не се знае што ќе се најде пред судијата, но јасно е дека адвокатите на Новак Ѓоковиќ ќе се спротивстават на депортацијата од земјата и ќе се обидат да ја соборат пред законот, заклучи австралискиот адвокат.