Ѓоковиќ за Божиќ во хотелски карантин- семејството повикува на протест (ВИДЕО)

од Берта Китинска
173 прегледи

Семејството на Новак Ѓоковиќ се вклучи во борбата за негово ослободување! По прес-конференцијата, на која беа изнесени детали за нехуманите услови во кои се наоѓа тенисерот, следеше митинг на поддршка пред Собранието на Србија, на кој се собраа стотици поддржувачи на Новак.

Собирот е најавен за денеска, на Божиќ во истиот термин од 15.00 часот пред Собранието на Србија.

По тој повод семејството на Ѓоковиќ достави соопштение до јавноста.

Соопштението го пренесуваме во целост:

– Почитувани,Семејството на Новак Ѓоковиќ ги повикува сите верни фанови и оние кои го поддржуваат најдобриот тенисер во светот во оваа деликатна ситуација во која се најде пред првиот Грен слем турнир во сезоната – Австралија Опен, да се соберат денеска, на Божиќ, пред Градското собрание во 15 часот.Најголемиот христијански празник е можност уште повеќе да се почувствува важноста на заедништвото, а сликата за големата поддршка што ја има најдобриот тенисер во светот во својата земја оди од Белград во светот.
Среќен Божиќ!Семејството Ѓоковиќ.

Слични содржини