Таткото на Ѓоковиќ: Го оставија Новак да го гледа ѕидот!

од Берта Китинска
312 прегледи

Нов митинг за поддршка на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, трет по ред, се одржа денеска пред Собранието на Србија.

На насобраните им се обрати таткото на Новак, Срѓан, кој рече дека неговиот син ја чувствува поддршката и љубовта што ја добива од сите страни и дека нема да може да го „скрши“.

„Ова веќе не е Австралија опен, сега е ‘затворен’. Народот е со Ноле, целиот свет. И православни, христијани, муслимани, будисти, слушнавте што рече Киријос, па француската министерска… Ова му значи повеќе од освојување на десетина од тие негови Гренд слемови. Видовте каква поддршка доби пред хотелот, за жал тој тоа не можеше да го посведочи тоа, го ставиле да гледа в ѕид, а снимките како мавта се од минатата година. Ќе издржи уште малку“, изјави Срѓан Ѓоковиќ.

Дијана мајката на Новак им се заблагодари на сите што дојдоа да го поддржат нејзиниот син на студеното време.

Слични содржини