Посебен сообраќаен режим во Скопје следните 3 дена поради посетата на Мета

од Vladimir Zorba
229 прегледи

Министерството за внатрешни работи соопшти дека на 10, 11 и 12.01.2022 (понеделник, вторник и среда) во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува Претседателот на Република Албанија, Илир Мета.

МВР во наведените денови ќе преземе мерки за посебен сообраќаен режим на сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите од страна на униформираните полициски службеници.

Слични содржини