Доделени „Златните глобуси“: „West Side Story“ на Спилберг прогласен за Најдобар мјузикл

од Vladimir Zorba
375 прегледи

РИМЕЈКОТ на филмот „West Side Story“, во режија на Стивен Спилберг, вчера беше прогласен за најдобар мјузикл или комедија на приватното доделување „Златните глобуси“, објавија организаторите на својата веб-страница.

Музичката ѕвезда Рејчел Зеглер е наградена за најдобра актерка во мјузикл или комедија. Аријана ДеБоз го освои „Златниот глобус“ за најдобра споредна женска улога.

Здружението на странски новинари во Холивуд (HFPA), кое го организира „Златниот глобус“, го избра „The Power of the Dog“ за најдобра драма, додека Никол Кидман го освои „Златниот глобус“ за најдобра актерка во драмата „Being the Ricardos“.

„Златен глобус“ за најдобар актер во драма му припадна на Вил Смит за улогата во King Richard,, додека наградата за најдобар актер во мјузикл или комедија му припадна на Ендрју Гарфилд за неговата улога во tick, tick…BOOM.

„Златниот глобус“ за најдобра режија и припадна на Џејн Кемпион за „The Power of the Dog“, додека јапонскиот „Drive My Car“ беше избран за најдобар филм на странски јазик.

Актерите, режисерите и филмските студија оваа година главно го игнорираа доделувањето на „Златните глобуси“, по критиките во 2021 година дека неговите организатори работеле со сомнителни етички политики и без црни членови. Ен-Би-Си, кој долго време го пренесува настанот, одлучи да не го емитува овогодинешното доделување на наградите.

HFPA, која го прошири и диверзифицира своето членство и ја ревидира својата практика, ги објави своите селекции на церемонијата зад затворени врати во Беверли Хилс. Добитниците беа објавени на јавноста преку социјалните мрежи и на веб-страницата на „Златните глобуси“.

Настанот привлекува милиони гледачи, кои го следат доаѓањето на филмските ѕвезди на црвениот тепих и вечерата која создава гламурозно, но неформално чувство во споредба со „Оскарите“, најпочитуваните филмски награди во индустријата.

Слични содржини