ЕУ ќе треба да инвестира 500 милијарди евра во нуклеарни централи од новата генерација

од Vladimir Zorba
204 прегледи

Европската унија (ЕУ) до 2050 година ќе мора да инвестира 500 милијарди евра во нуклеарни централи од следната генерација, изјави комесарот за внатрешен пазар Тиери Бретон.

„Само за постојните нуклеарни централи ќе бидат потребни 50 милијарди евра инвестиции од сега до 2030 година, додека на новите генерации ќе им требаат 500 милијарди“, изјави Бретон за „Журнал ди Диманш“.

Тој изјави дека планот на ЕУ е да ја означи нуклеарната енергија и природниот гас како „зелен“ извор и важен чекор кон привлекување капитал, пренесе „Танјуг“.

ЕУ се консултира со земјите-членки за предлогот, откако има внатрешни несогласувања околу тоа дали овие извори на енергија навистина можат да се квалификуваат како остварливи опции.

Слични содржини