Австралиски портал: Министерот за имиграција засега нема да одлучува за Ѓоковиќ

од Vladimir Zorba
223 прегледи

Министерот за имиграција Алекс Хок вечерва нема да донесе одлука за одземање на визата за светскиот бр.1, Новак Ѓоковиќ, пренесе порталот „The Age“, додавајќи дека Хок би можел да донесе таква одлука утре наутро.

Хок имаше четири часа да ги искористи своите лични овластувања според Законот за миграција, доколку владата сакаше да го задржи шампионот во притвор, пишува австралискиот портал.

Но, Владата одлучи да не донесе таква одлука во рок од четири часа, што значи дека Ѓоковиќ е „слободен да си замине“.

Слични содржини