Поранешната најдобра тенисерка на светот Мартина Навратилова проговори за случувањата во Австралија поврзани со Новак Ѓоковиќ.
Навратилова во кариерата освои дури 58 Гренд слем титули, од кои 18 во сингл. Неколку пати во текот на кариерата беше воодушевена од успесите на Новак, но сега се осврна и на позицијата на Новак за вакцинацијата.
„Неверојатна приказна, вистинска сага. Во реалноста, сè можеше да се избегне. Би сакалa Новак да беше вакциниран и ова да не се случеше. „Многу го ценам, но не можам да ја бранам неговата позиција за избегнување на вакцинација“, рече тенисерката од Чешка и додаде: „Знам колку Новак е посветен на тенисот и навистина го ценам тоа, но мислам дека во оваа ситуација тој мора да се грижи и за другите“.
Да потсетиме, Новак тренираше во „Род Лејвер Арената“ по пресудата на австралискиот суд и е подготвен да се натпреварува на Австралија опен, кој започнува на 17 јануари.