Биткоинот падна под 40.000 долари за прв пат од август 2021 година

од Vladimir Zorba
299 прегледи

Цената на биткоинот падна во текот на денешното тргување за речиси 5,0 отсто, спуштајќи се на петмесечен минимум под нивото од 40.000 долари, покажуваат податоците на порталот „КоинДеск“.

Најголемата криптовалута во светот падна на 39.558 долари, што е најниско ниво од 5 август 2021 година, пренесе Ројтерс.

Според најновите достапни податоци од пазарот, биткоинот е намален за 4,7 отсто, а неговата вредност е повеќе од 40 отсто под рекордното ниво од 69.000 долари забележано во ноември.

Слични содржини