Џонсон: Сум играл тенис со Ѓоковиќ, но верувам во вакцините

од Берта Китинска
524 прегледи

Новак Ѓоковиќ ја победи австралиската влада во правната битка што синоќа ја следеше целиот свет, благодарение на што ќе го гледаме од следниот понеделник на теренот на Мелбурн парк, доколку нема нови непредвидени работи.

Британскиот премиер Борис Џонсон даде интересна изјава на прашањето дали на светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ ќе му биде потребна вакцина против КОВИД-19 ако сака да игра на Вимблдон ова лето.

„Видете, важно е австралиските власти да си ги одредуваат сопствените закони. Се што можам да кажам за Новак Ѓоковиќ, против кого сум играл тенис, и навистина е добар, е дека верувам во вакцинацијата и тоа е прекрасна работа. Мислам дека сите треба да застанат зад програмата која дозволува нашата земја да е најотворената економија во Европа и во исто време да ги заштитува своите граѓани“, изјави Џонсон.

Слични содржини