Новото лидерство на СДСМ има капацитет да го понуди најдоброто за државата, вели Костадинов

од Берта Китинска
279 прегледи

Не би било принципиелно, да се шпекулира со имињата предложени за членови на влада пред тие да бидат соопштени во телата и органите на партијата, кажа Костадин Костадинов, член на СДСМ и актуелен градоначалник на Струмица, пред почетокот на состанокот на Извршниот одбор во седиштето на СДСМ.

Прашан дали имињата кои се споменуваат се прифатливи за голем дел од членството, Костадинов нагласи дека нема да коментира ништо пред тоа да ги слушне официјално на ИО и на ЦО.

– Јас сум сигурен дека има капацитетност новото лидерство на партијата пред ИО и ЦО да го понуди најдоброто за партијата и за државата во моментов, изјави тој.

Слични содржини